Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе повлекува контроверзниот учебник „Општество“

Се повлекува контроверзниот учебник „Општество“

Министерството за образование ќе го повлече учебникот за четврто одделение по предметот општество, откако Народниот правобранител утврдил дека во него постои дискриминација врз основа на брачен и семеен статус, како и врз религиска основа.

Министерката за образование, Рената Дескоска, во изјава за „Сакам да кажам“, вели дека комисијата донела предлог за повлекување на спорниот учебник и оти таа денеска ќе го потпише решението.

Авторката на учебникот, Билјана Живковиќ, во нагледното средство бара децата да донесат фотографии од свадбата на своите родители и да одговорат дали тие се венчани во црква, матично или друго.

Четириесетина мајки, кои живеат во еднородителски семејства, вонбрачни заедници и во брачни заедници, поддржани од осум организации поднесоа претставката до Омбудсманот.