Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе подготвуваат протести против есктерното тестирање

Се подготвуваат протести против есктерното тестирање

Учениците преку социјалните мрежи организираат собир пред министерството за образование и наука во знак на протест против екстерното тестирање, кое треба да се одржи следниот месец, јавува „ТВ24“.

Новото парламентарно мнозинство досега во неколку наврати напомена дека веднаш по формирањето на новата влада ќе ги преземат неопходните мерки за укинување на екстерното.

Пред две недели пратениците на СДСМ доставија до парламентот предлог измените на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување токму на екстерното тестирање.

Пратеникот од СДСМ Стефан Богоев изјави дека очекуваат по скратена постапка да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование.