Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСе менува сообраќајниот режим во Скопје, Рекорд ќе стане шеталиште

Се менува сообраќајниот режим во Скопје, Рекорд ќе стане шеталиште

Рекорд ќе стане шеталиште, а по коловозот ќе може да се движат само автобусите од јавниот превоз. Идејата, улицата Димитрија Чуповски да биде пешачка зона е стара десет години, а ќе се реализира откако Град Скопје ќе ја прошири улицата Даме Груев во булевар.

Ова е предвидено во последните измени на деталниот урбанистички план за „Мал ринг“, според кои, автомобилите нема да може да возат од трговскиот центар „Палома бјанка“ до раскрсницата пред Собранието на Република Македонија.

Општина Центар овие измени во планот ги вметнала на барање на Град Скопје. Доколку планот се реализира и навистина голем дел од улицата се претвори во шеталиште, Скопје ќе добие уште една атрактивна пешачка зона во центарот, од типот на улица Македонија.