Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСе крои буџетот за 2016 – помал буџетски дефицит, повеќе капитални инвестиции

Се крои буџетот за 2016 – помал буџетски дефицит, повеќе капитални инвестиции

Денес министерот за финансии Зоран Ставревски го образложи предлог-буџетот за 2016 година, што го усвои Владата на Република Македонија. Идејата е развојна компонента преку повисокиот износ на капитални инвестиции, како и стабилност на ранливите категории.


Станува збор за буџет кој се потпира на двата основни столба како политики што ги имавме и во претходниот период, а тоа е преку висок износ на капитални инвестиции да го помогнеме развојот на македонската економија, а од друга страна да обезбедиме стабилност посебно за ранливите категории граѓани и заштита на нивниот животен стандард преку соодветен пораст на средствата што се наменети за пензионерите, за примателите на социјална помош.


Според него, ваквиот буџет ќе овозможи и 2016 година да се заврши умерено ниво на задолженост и да се одржи макроекономска стабилност и да се влезе во 2017 година со здрава фискална позиција што ќе овозможи и во следниот среднорочен период да се одржи умерено ниво на задолженост и да има реализација на најзначајните проекти.

Вкупните расходи, според предлогот, се проектирани на 195.788 милиони денари (за 6 проценти повисоки од оние во 2015 година), а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари (зголемување за 4,7 проценти во однос на 2015 година).