Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСе излеа Катлановска река, успорен сообраќајот на патот Удово – Валандово

Се излеа Катлановска река, успорен сообраќајот на патот Удово – Валандово

На регионалниот пат Р- 1105 Удово – Валандово на 5+350 км поради прелевање на вода од Калковска река на коловозот има наноси од кал и камења.

На регионалниот пат Р- 1108 Гевгелија – Смрдлива Вода- ски центар Кожуф 2+350 км поради стеснување на коритото на Коњска река за изградба на ХЕЦ и надојдени големи количества на вода однесена е една колвозна лента од патот во дожина од 15 – 20 метри.

Екипите на ЈП Македонијапат со градежна механизација ги расчистуваат наносите и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.