Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Загриженост за битолскиот рудник „Билбил Камен“ и здравјето на луѓето

СДСМ: Загриженост за битолскиот рудник „Билбил Камен“ и здравјето на луѓето

СДСМ реагира за планираната изградба на рудникот „Билбил Камен“ во Битола од кој ќе се екплоатира гранит, но засега никој не дал гаранции за еколошките параметри и колкаво ќе биде загадувањето на воздухот и влијанието врз здравјето на локалното население.

Се работи за рудник кој е оддалечен околу 2,5 км., воздушна линија, од централното градско подрачје и околу 800 метри од првото населено место. СДСМ прашува :

1. Дали рудникот ќе има штетни последици по општото здравје на битолчани и дали истиот ќе влијае врз зголемување на бројката на заболени луѓе од респираторни заболувања?

2. Дали е направена соодветна физибилити студија, а доколку студија има зошто истата не е доставена на увид на советниците во Советот на Општина Битола?

3. Дали сообраќајното решение е соодветно со оглед дека рудникот излегува на магистрален пат кој во иднина е планиран за експресен пат?

rudnik bilbil kamen

Битола е еден од најзагадените градови во Македонија поради работата на РЕК Битола и експлоатацијата на јаглен. Уште еден рудник кој ќе загадува ако не ги исполнува еколошките стандарди може да биде погубен за здравјето на битолчани.

„Сакам да истакнам дека нас како политичари пред се не интересира ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС, а во овој случај здравјето на граѓаните. Ние сме за развој на бизнис секторот и новите вработувања, но не и по цена на здравјето и животот на граѓаните“, посочи Александар Кирацовски, Попретседател на СДСМ.