Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија„Централ Азија металс“ е нов сопственик на рудникот „Саса“

„Централ Азија металс“ е нов сопственик на рудникот „Саса“

Компанијата „Централ Азија металс“ (Central Asia Metals PLC) е нов сопственик на рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица, откако на Лондонската берза денеска беше завршена постапката за купување на 100 отсто од „Линкс ресорсис лимитед“, поранешниот сопственик на рудникот, пишува Мета.

Компанијата „Центарл Азија металс“, чие седиште е во Лондон, Велика Британија, ја купи „Линкс ресорсис лимитед“ за 402, 5 милиони американски долари. Претходно, компанијата доби одобрение за аквизицијата од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија. Аквизицијата е извршена според правилата на Лондонската берза, на која котира „Централ Азија металс“.

„Централ Азија металс“ е компанија која поседува 100 проценти од операцијата за бакар „Коунрад“ и 80 проценти од концесијата за истражување на бакар во Шаук, и двете во Казахстан.