Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Одговорна власт и враќање на средната класа

СДСМ: Одговорна власт и враќање на средната класа

СДСМ на Конгресот ја донесе предизборната програма со која ќе настапи во април на предвремените парламентарни избори и ја темели на пет столбови со заложби за одговорна власт, функционирање на сите механизми на контрола, враќање на средната класа како главна економска опредлба, реформа на јавната администрација и транспарентно трошење на државните пари.

zaev kongres1

„Договор поради договор НЕ Е ОПЦИЈА! Неопходен е беспрекорен предизборен и изборен процес. Нема бегање од Договорот од Пржино! Специјалното обвинителство е формирано, преодна влада е формирана, за неколку дена Никола Груевски заминува. Но, да биде јасно и да нема дилеми, гласно укажувам: СДСМ заедно со коалициските партнери се подготвува за чист изборен процес на којшто ќе биде изразена слободната волја на граѓаните, се главните пораки на лидерот на опозицијата Зоран Заев“.

sdsm kongres2

Во програмата на СДСМ има неколку левичарски популистички мерки како укинување на радиодифузната такса, враќање на евтината тарифа на струјата, укинување на рамниот данок, како и ослободување од плаќање сметки за парно за тие кои не го користат.