Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ нема ништо против Албанец на чело на Собранието

СДСМ нема ништо против Албанец на чело на Собранието

Портпаролот на СДСМ во гостување во емисијата Отворено на Тв 24, прашан дали претсдеателот на Собранието ќе биде од редовите на ДУИ, тој одговори дека немаат ништо против челникот на Собранието да биде од која било етничка припадност.

„Нас не ни е битно дали тоа ќе биде Албанец, Бошњак, Србин или Ром, важно е да има капацитети да го води Собранието соодветно во бурниот период кој му претстои нему и на новата реформска влада. Инаку, не сме разговарале конкретно за ова прашање иако во нашата програма е наведено деека немаме предрасуди за претседателот на Собранието“ – рече Петре Шилегов.

На истото прашање, потпретседателката на ДУИ, даде сличен одговор. Ниту партијата на Ахмети не стигнала до дискусијата за оваа функција.

„Ние во ДУИ се уште се немаме произнесено за ова прашање. Тоа не е финализирано, но секако кога ќе дојдеме до некаков договор тоа ќе го соопштиме“ – рече Теута Арифи.