Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Хаосот во избирачкиот список е резултат на криминална политика

СДСМ: Хаосот во избирачкиот список е резултат на криминална политика

Главната опозициска партија повторно излезе со серија на сериозни нерегуларности во избирачкиот список и директна вклученост на државните институции, како и на членовите на ВМРО-ДПМНе на чии адреси незаконски се издадени лични карти и се заведени „увезени“ гласачи“.

izbiracki spisok internet2

На една адреса во Скопје се запишани 35 лица на иста адреса. На друга адреса во Скопје запишани се 15 лица коишто гласаат на две различни избирачки места. Јавната проверка на листата на гласачи запишани во Избирачкиот список покажува дека и на адреса на државни институциии има запишани повеќе од 35 лица.

Овој хаос во избирачкиот список, огромниот број фантомски гласачи коишто се најдоа во секоја општина во Република Македонија, го потврди она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори. Хаосот со избирачкиот список е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас, велат од СДСМ.

stevo pendarovski

„Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија“, потенцираше Стево Пендаровски од СДСМ, повикувајќи ги сите граѓани и општествени фактови заедно веќе еднаш да му стават крај на ова нерегуларно организирање на избори и конечно да се пречистат сите запишани фантомски гласачи кои по никој основ не би требало да имаат право на глас.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше остро велејќи дека разликата меѓу нив не е ниту 1000 гласа, туку 200 илјади и народот добро ги има прочитани нивните деструкции па затоа повторно ќе се одлучат за програма и дела.