Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСанадер останува во затвор

Санадер останува во затвор

Барањето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за пуштање од истражниот затвор и можност да се брани од слобода денеска е одбиено, пренесува Хина. Жупанискиот суд не ги прифати тврдењата на неговите адвокати дека истекол законскиот рок од три и пол години, колку што најдолго може да трае истражниот затвор.

Одбраната тврди дека со притворот во Австрија Санадер подолго од три години и девет месец е зад решетки. На оваа одлука Санадер ќе може да се жали пред Врховниот суд, но одлуката ќе мора да ја чека во затворот во Реметинац, во кој е од 18 јули 2011.

Санадер е правосилно осуден на осум и пол години затвор во случајот Хипо и Ина/МОЛ, но Уставниот суд кон крајот на јули ја укина таа пресуда и постапката се врати на почеток. Подготвиелното рочиште за повторно судење е закажано за почетокот на септември. Во случајот Фими медиа поранешниот премиер и поранешен претседател на ХДЗ неправосилно е осуден на девет години затвор, а за жалбите на таа пресуда Врховниот суд би требало да расправа кон крајот на септември.