Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСанадер и ХДЗ повторно на суд

Санадер и ХДЗ повторно на суд

Иво Сандер и неговата поранешна партија повторно ќе се најдат на суд за земање пари од државни институции и компании во случајот „Фими медија“, бидејќи на првото рочиште им е повредено правото на праведно судење, реши Врховниот суд на Хрватска.

Како што јаво Хина, во образложението на второстепената пресуда за најголемата корупциска афера во хрватската политика, Врховниот суд наведува дека Сандер на првото судење, меѓу другото, не можел да ги испраша сите сведоци, кој планирал, како ни неговите соработници, кои ги признале обвиненијата од страна на Управата за борба против корупција и организиран криминал.

Според Судот, по изнесување на одбраната со сериозни обвиненија, тие не сакале да одговараат на прашањата на поранешниот премиер и неговиот адвокат. Освен поранешниот премиер, на кого му е повредено т.н. конфронтирачко право, Врховниот суд во овој случај ја укина и пресудата за ХДЗ, која беша прва партија осудена за корупција во Хрватска.

Образложението на второстепената пресуда во најпознатиот хрватски корупциски случај, Врховниот суд ја објави на својата интернет страница, откако ја испрати до Жупанискиот суд, чија првостепена пресуда е укината. По укинувањето на првостепената пресуда, по која Врховниот суд му одреди притвор за Сандер, против него сега нема ниту една правосилна или неправосилна пресуда.

Притворот на Санадер уште претходно му беше укинат од страна на Уставниот суд, кој оцени дека Врховниот суд незаконски ја одредил мерката притвор, па на 25 ноември тој беше пуштен на слобода.