Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСамоубиствен напад во близина на американскиот конзулат во Џеда

Самоубиствен напад во близина на американскиот конзулат во Џеда

Напаѓач-самоубиец загина, а двајца припадници на безбедносните служби се ранети во денешната експлозија во близина на американскиот конзулат во саудискиот град Џеда, јави Си-Ен-Ен.

Напаѓачот го паркирал својот автомобил пред џамијата која се наоѓала на другата страна од конзултатот при што го активирал експлозивот.

Очевидци соопштуваат дека експлозијата одекнала на 10 метри од ѕидот на конзулатот и оти на местото е забележливо зголемено полициско присуство, како на земја, така и од воздух.

Локалните медиуми јавуваат дека во истиот регион одекнале уште три експлозии, кои полицијата контролирано ги активирала.