Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНапаѓачот на Шекеринска денеска ќе се појави пред судот

Напаѓачот на Шекеринска денеска ќе се појави пред судот

Во Кривичен суд во Скопје за утре е закажано судењето за нападот врз Радмила Шекеринска за време на настаните во Собранието од 27 април.

Обвинението за кривичното дело насилство Јавното обвинителство го поднесе во август.

За ова дело предвидена е казна затвор од три до десет години.

Напаѓачот претходно беше на распит во јавното обвинителство, а за дел од медиумите изјави дека не ја нападнал Шекеринска, туку сакал да ѝ помогне.