Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион„Самоопределување“ се закани со блокада на Косово ако се формира Заедница на српските општини

„Самоопределување“ се закани со блокада на Косово ако се формира Заедница на српските општини

Косовското радикалното движење „Самоопределување“ се закани со најжестоки повоени немири и блокади на јавните и сите други институции на Косово, доколку Приштина се согласи да формира Заедница на српските општини. Генералниот секретар на ова опозициско движење Дардан Молиќај изјави дека тоа ќе бидат досега најрадикалните протести и ќе недостасува само војна.

– Само војна ќе недостасува. Ќе бидат блокирани јавните и приватните институции. Ништо нема да функционира. Тоа е планот на „Самоопределување“ во случај власта да се согласи на формирање Заедница на српските општини, истакна Молиќај.