Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСАД со нови санкции против рускиот гигант „Гаспром“

САД со нови санкции против рускиот гигант „Гаспром“

Американските власти воведоа нови санкции за рускиот гигант „Гаспром“. Станува збор за испорака на американска опрема за извлекување на гас од јужнокиринското наоѓалиште кое се наоѓа на 35 километри од островот Сахалин. Со оваа мерка САД забранија испорака на веќе купената техника која е многу комплексна и уникатна затоа што станува збор за големо наоѓалиште на гас кое што се наоѓа далеку под површината на водата.

„Американците со овој потег му нанесоа „низок“ удар на „Гаспром“, со оглед на тоа што овој проект е многу важен за рускиот гасен гигант“, изјави рускиот аналитичар Валериј Нестеров за руските медиуми. Освен тоа, како што објасни Валериј, „Гаспром“ баш во таа област им е најголем конкурент на американските компании за експлоатација на течен гас во азиско-тихоокеанскиот регион.

Американците ова наоѓалиште го имаат вклучено во списокот на веќе постоечките санкции затоа што тука се наоѓале големи количини на нафта и гас. Инаку, за прв пат во списокот на санкции е ставено конкретно наоѓалиште на нафта и гас, а не одредено физичко или правно лице.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека политиката со санкциски мерки на САД директно се одразува на атмосферата на нивните меѓусебни односи. Како што вели Песков, ефектот на санкции е контроверзен со оглед на тоа што штетата ја трпат сите страни.

извор:Фактор