Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД ја шпионирале и Јапонија – Викиликс извади нови докази

САД ја шпионирале и Јапонија – Викиликс извади нови докази

САД ги шпионирале јапонските политичари, функционери и компании вклучително и „Мицубиши“, се наведува во документот што денеска го објави Викиликс. Американската Национална безбедносна агенција (НСА) шпионирала најмалку 35 „мети“ – компании, владини функционери, министри и поголем број советници на актуелниот премиер Шинѕо Абе во периодот од септември 2016 до септември 2007 година.

На интернет-страницата на Викиликс објавени се четири строго доверливи извештаи на НСА кои откриваат интерни разговори во Јапонија за меѓународната трговија и политиката за климатските промени, нуклеарната и енергетската политика – како и содржината на доверлива средба во живеалиштето на премиерот Шинзо Абе.

САД исто така следеле вработени на Банката на Јапонија, вклучувајќи го гувернерот на банката Харухико Курода, како и вработените во одделенијата за истражување на фосилни горива на јапонските компании “Мицубиши” и “Мацуи”. На еден од извештаите има белешка која укажува дека извештајот е доставен до Австралија, Велика Британија и Нов Зеланд.