Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРот: Во интерес на Европа е Македонија да ги реши отворените прашања со Атина и Софија

Рот: Во интерес на Европа е Македонија да ги реши отворените прашања со Атина и Софија

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот оцени дека постои шанса повторно да се придвижат закочените дијалози на Македонија со Бугарија и со Грција и дека Германија е подготвена да помогне.

– Пред сè зависи од непосредните учесници да изнајдат нови патишта и конструктивни решенија, но ние се разбира дека и во овој случаj стоиме на располагање за совет, доколку сите учесници во процесот го посакуваат тоа. Секако не е само во интерес на пјР Македонија, туку  и во интерес на цела Европа, конечно да се решат отворените прашања – изјави за проталот СДК државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот.

На прашање дали официјален Берлин може конкретно да помогне со правна помош да се процесуираат случаите на Специјалното јавно обвинителство, Рот истакна дека адолжително треба целосно да се расветлат постоечките обвинувања за злоупотреба на моќта под владата на ВМРО и нејзиниот тогашен коалиционен партнер.

– За да се провери како би можела да изгледа една таква поддршка, на 27 јуни од Европската Комисија повторно беше испратен д-р Рајнхард Прибе, за да добие јасна слика од актуелната ситуација. Има разновидни други активности за поддршка на реформите во централната област на правосудството од страна на ЕУ, САД и други актери. Така, на пример, од Германија соработнички и соработници на Фондацијата за меѓународна правна соработка се на сондажни разговори во Скопје, вели Рот.