Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРот да се воздржи од лекции по историја, порача Грција

Рот да се воздржи од лекции по историја, порача Грција

Грчкото Министерство за надворешни работи го повика државниот министер на германското МНР за Европа, Михајл Рот, „да се воздржи од лекции по историја“ кога ги посетува балканските земји.

– Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михајл Рот, да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се обидува да дава лекции по историја и да го покаже потребното почитување за чувствителноста на неговите европски партнери, стои во соопштение на грчкото МНР.

Реакцијата на грчкото МНР се однесува на изјавата на Рот за време на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, во која рече дека „никој надвор од Македонија и Грција не го сфаќа спорот, кој е сосема апсурден“.

– Мислам дека треба да оставиме историјата да си остане историја и да одиме кон заедничка иднина, рече вчера Рот во Скопје, што предизвика реакција од страна на официјална Атина.