Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРоналдо го нокаутираше Велс, Португалија во финалето на ЕВРО 2016!

Роналдо го нокаутираше Велс, Португалија во финалето на ЕВРО 2016!

Фудбалерите на Португалија се први финалисти на Европското првенство во Франција откако вечерва во Лион ја совладаа селекцијата на Велс со 2:0. Апсолутен херој на натпреварот беше Кристијано Роналдо кој го постигна првиот погодок и беше асистент за вториот погодок кој го постигна Луис Нани.

Роналдо во 50 минута постигна погодок со глава за водство на Португалија, а во 53 минута после неговиот удар кон голот, Нани ја смести топката во мрежата за голема победа и пласман во финалето каде ќе се сретнат против Германија или Франција кои ќе се сретнат утре од 21 часот.

gol

Двете екипи влегоа внимателно во натпреварот, но како што одминуваше натпреварот Велс делуваше поконкретно. Сепак првата шанса на натпреварот ја имаше Португалија преку Жао Марио во 16 минута кога шутираше за малку покрај голот. Три минути подоцна Велшаните возвратија, Бејлс одлично помина по десната страна и врати остра повратна топка, но Робсон Кану за малку задоцни на околу два метри од голот.

Најдобар обид и всушност единствен во рамките кон голот беше обидот на Герет Бејл. Велшанецот повлече контра, неговиот тим имаше добра ситуација три на три, но Бејл одлучи сам да завршува, па шутираше 25 метри директно во голманот Руи Патрисио.

Португалците во главно чекаа шанси од контри, Роналдо немаше многу допири со топката, а најопасен беше во 45 минута кога со глава можеше да го совлада Хенеси.

Ronaldo

Меѓутоа, следеше неверојатен почеток во второто полувреме и два погодоци на Португалија за само три минути. После досадното прво полувреме, после само пет игра во продолжението Роналдо после уиграна комбинација од корнер со небесен скок ја смести топката во мрежата. Со овој погодок, Роналдо се изедначи со Мишел Платини по бројот на постигнати погодоци на Европските првенства, двајцата постигнаа по девет.

ronaldo 2

Смо три минути подоцна Роналдо беше асистент, а Нани постигна погодок за големи 2:0. Роналдо шутираше од околу 20 метра оддалеченост од голот, а Нани се најде на вистинското место и ја затресе мрежата.

goл 2

Велшаните до крајот се обидуваа да тргнат на се или ништо, Колман набргу ги направи трите измени, но тоа не помогна многу. Португалците можеа лесно и до 3:0, Жоао Марио имаше добар обид после еден одбиена топка, но шутираше покрај голот. Десет минути пред крајот, Данило имаше нова шанса, но Хенеси некако успеа да ја сочува својата мрежа. До крајот немаше промена на резултатот, па Португалците си обезбедија пласман во финалето на ЕВРО 2016!