Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРодилката од гевгелиската болница била механички повредена, детето не било мртвородено

Родилката од гевгелиската болница била механички повредена, детето не било мртвородено

Случајот во гевгелиската болница кој ја потресе Македонија станува ууште поконтроверзен. Обдукцијата покажала дека детето не е мртвородено, туку живеело десет минути и имало развиено органи за живот. Тоа умрело како последица на недостатокот на кислородот додека било во утробата на мајката и влез на јаглерод диоксид во белите дробови на бебето, објави Телма.

Смртта на Маја Кадиева настала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, пишува во наодот на судска медицина. Во него детално стои дека јазикот и хранопроводот на родилката се механички повредени.

Обвинителството за да ги расчисти сомнежите дали детето е мртвородено како што пишува во болничката отпусна листа, наредило овој сегмент посебно да биде испитан и пронашло многу несогласувања. Во документите од болницата е запишано дека детето е тешко два килограми и 750 грама, а долго 49 сантиметри. Но судка медицина констатира 400 грама повеќе и два сантиметри поголема должина. Првично крвната група на мајката и детето се поклопуваат односно се нулта, но сепак обвинителството размислува да се направи и днк анализа.

Истрагата е при крај и сите докази според извори од обвинителството водат кон четворица вработени во болницата против кои најверојатно ќе има обвинение.