Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисРодик: Уживајте во Новак и златните години на тенисот

Родик: Уживајте во Новак и златните години на тенисот

Поранешниот американски тенисер Енди Родик смета дека Новак Ѓоковиќ не добива доволно пофалби за доминацијата во светскиот тенис последните неколку години. Родик во текот на својата кариера имаше неколку лични конфликти со Новак, но сепак му оддаде признание. Тој додаде дека гледачите би требало да уживаат во тенисот бидејќи Ѓоковиќ, Надал и Федерер нема да играат уште премногу долго.

,,Тој е секако фаворит на секој турнир во кој учествува. Константноста и посветеноста кои ги поседува се неверојатни. Тој никогаш не губи во првите рунди на турнирите. На секој турнир знаете дека тој ќе се бори до крај. Пред US open, тој изјави дека се мачел, не освојуваше турнири, но секогаш беше во финалето, тоа е неверојатно”, изјави Родик. Американецот исто така додаде дека првиот играч во светот моментално нема никакви слабости.

,,Тој нема слабости. Како поранешен играч можам да кажам дека работите кои тој ги прави толку добро не се гледаат на прв поглед. Тој остава многу простор помеѓу него и противникот. Многу е тешко да биде нападнат и многу лесно го менува правецот. На тенисерите им е релативно лесно да играат дијагонали, а тој тоа го прави лесно и кога се во прашање паралели. Мислам дека не зборуваме за него во голема мерка, а тоа би требало да го правиме”, смета Родик и додаде дека луѓето би требало да уживаат бидејќи нема уште многу долго да потраат овие ,,златни години” на тенисот.