Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниРио 2016: Џудист освојувач на медал претепан на Копакабана

Рио 2016: Џудист освојувач на медал претепан на Копакабана

Освојувачот на медал на Игрите во Рио џудистот од Белгија, Дирк ван Тилт беше нападнат на плажата Копакабана. Тој добил неколку удари во лицето.

По освоениот бронзен медал џудистот од Белгија заедно со своите пријатели, биле на Копакабана, кога на еден од неговите пријатели му бил украден мобилниот телефон. Џудистот потрча по крадецот, кој пружил отпор и му нанел повреди на ван Тилт.

Белгискиот џудист по целиот случај пријавил во полицијата, а му била укажана и лекарска помош. Не е познато дали напаѓачите се фатени.