Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПретепан и малтретиран британски турист во Маврово

Претепан и малтретиран британски турист во Маврово

Во текот на вчерашниот ден на патот од одморалиштето Бунец кон Маврово британски велосипедист бил пресретнат и нападнат од три непознати лица, извести Основното јавно обвинителство од Гостивар.

Според исказот на оштетениот, насилниците го врзале и го внеле во возилото и во исто време му ги украле кредитните картички што ги поседувал. Искористувајќи момент кога бил сам со еден од напаѓачите, британскиот државјанин се ослободил и на напаѓачот му задал неколку удари со нож што го имал во себе.

Откако избегал во блиската шума, преку социјалните мрежи ги алармирал родителите и пријателите. Тие се обратиле до британската полиција која преку Британската амбасада во Скопје ја известила ПС Гостивар, по што веднаш била иницирана потрага по велосипедистот. Странецот денеска е пронајден во близина на каменоломот „Пелагонија“.