Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПретепан новинар на агенцијата Мета – Тепачите „први другари“ со полицајците

Претепан новинар на агенцијата Мета – Тепачите „први другари“ со полицајците

Новинарите повторно беа мета на напади. За жал претепан е и колегата од агенцијата Мета, Димитар Тануров. Тој бил заедно со другите новинари кога демонстрантите упаднаа во прес салата и почнаа да тепаат и кршат се пред себе. Димитар Тануров заврши со потрес на мозокот, пукнат нос и уште неколку повреди. Новинарот ги пријавил тепањето и кражбата на телефонот во полиција.

„Бев нападнат во прес центарот додека фотографирав и снимав како летаат столици и разни предмети кон Зоран Заев, во еден момент дојде личност на околу 50-тина годиини која ми се закани да престанам да снимам, а потоа се приклучија уште неколкумина кои се обидоа да ми го грабнат телефонот. Почнаа да ме удираат со тупаници, особено кога видоа дека сум од Мета – збеснаа. Успеаја да ми го украдат телефонот и продолжија да ме удираат со тупаници и клоци во главата и во телото додека лежев на земја. Одеднаш се појави некое лице кое рече дека сум му колега и ме извлече од таму, а додека ме извлекуваше, продолжија да ме тепаат извикувајќи „предавник“ и „сороспија“ – вели Тануров за Позитив.мк.

Инаку, лицата кои го тепаа новинарот Димитар Тануров малку подоцна се видени како се поздравуваат со дел од присутните полицајци. Позитив.мк се обиде да дознае нешто повеќе за напаѓачите, а нашите извори велат дека дел од лицата кои носеа фантомки на главите се припадници на МВР.