Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГазда на скопски локал претепан со бејзбол палки

Газда на скопски локал претепан со бејзбол палки

Непознати лица, вчера со бејзбол палки ,околу 21.30 часот влегле во угостителски објект лоциран во во Скопско поле-Скопје, по што направиле вистински хаос. Трите непознати лица со бејзбол палки физички ги нападнале сопственикот Н.З. и повеќето гости кои седеле во објектот.

Напаѓачите удирале во пределот на главите и телата, при што со повреди се здобиле лицата Ш.М. (33), Н.Б. (38), К.М. (23), сите од с.Трубарево, Р.В. (34) од Кавадарци и А.Ј. (29) од Скопје. Никој од повредените досега не побарал лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот