Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаРијана сними спот и песна за продолжението на франшизата „Star trek“

Ријана сними спот и песна за продолжението на франшизата „Star trek“

Популарната пејачка Ријана го објави новиот спот за нумерата „Sledgehammer“ која го промовира долгоочекуваното продолжение на популарната франшиза „Star trek“. Текст со заеднички сили го напишаа Ријана и Сиа, додека видео снимката ја режираше Флорија Сигисмонди.

Ријана во едно интервју откри дека и била неопходна само една епизода од „Star trek“ за да се заљуби во светото кој неможела да го разбере, исто така додавајќи дека нејзиниот татко ја запознал со оваа популарна серија.

Режисерката на спотот, Флорија Сигисмонди, истакна дека режирањето на видео-снимка за нумерата „Sledgehammer“ е остварување на сонот. „Јас сум голем љубител на „Star trek“ уште од мала. Ми се допаѓа идејата за истражување на непознатото. Тоа што сум прва режисерка која комплетниот спот го сними со камерита ‘IMAX’ и ја искористи оваа револуционерна технологија, беше остварување на сонот“, истакна Флорија.