Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРепрезентативец на Шпанија отворено го истакна својот интерес за преселба во Баерселона!

Репрезентативец на Шпанија отворено го истакна својот интерес за преселба во Баерселона!

Фудбалерот на Севиља не крие дека сон на секој фудбалер е да заигра во Барселона. Витоло кај Хулен Лопетеги стана стандарден репрезентативец и под негово водство игра одлично во репрезентацијата на Шпанија, а покрај тоа блеска и во тимот на Хорхе Сампаоли. „Точно е дека има многу шпекулации, а дека никој од тие што пишуваат незнае што ќе се случи. Среќен сум во Севиља и го сакам овој клуб. Дали би сакал да заиграм во Барса? Во повеќе наврати изјавив дека Барселона е најдобриот тим во Европа и дека на секој фудбалер му е сон да заигра во таков клуб. Моментално уживам овде, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Витоло.

Овој напаѓач има 28 години, во Севиља пристигна во 2013 година од Лас Палмас каде проникна како фудбалер и играше пет години како првотимец. За потсетување, Барселона во последните неколку сезони и тоа како знаеше да пазари од Севиља од која на Камп Ноу пристигнаа- Дани Алвеш, Сејду Кеита, Адриано, Иван Раќитич и Алеиш Видал.