Friday, Apr 26, 2024
HomeСТУДЕНТУМРекторска комисија ќе ја оценува регуларноста на студентските избори

Ректорска комисија ќе ја оценува регуларноста на студентските избори

Ректорската управа на УКИМ на вонредната седница која се одржа утринава по повод спроведените избори за претседател на Студентски парламент, одлучи да формира комисија која ќе ги разгледа сите факти и докази за настанатата ситуација и ќе предложи заклучоци, пренесе Нова.

По денешната седница Ректорската управа на УКИМ одлучи да ги оцени изборите како скандалозни кои ескалираа со физички пресметки и вмешување на МВР кои не биле повикани од одговорните лица на Универзитетот.

Тие го осудија секој вид на притисок врз студентите преземен од страна на кои било државни органи. Ректорската управа потенцира дека нема ингеренции во поглед на изборот на студентски лидер, но сепак предложи решенија за првенирање на слични состојба.

Прв предлог е итна измена во Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање за што веќе претходно беше формирана комисија.

Второ, преку овозможување на правен основ, Ректоркста и деканските управи да учествуваат при одганизирање и спроведување избори од страна на студентски организации. Потоа, УКМ и Студентскиот парламент активно да се вклучат во подготовката на статутарните измени и да престане секој вид на партизација и политичко манипулирање со студентите.

Сите овие предлози во форма на заклучоци кои ги донесе Ректорската управа беа на предлог на Деканот на Правниот факултет Борче Давитковски. Она што Ректорската управа одби да го вметне во заклучоците е предлогот на Давитковски, изборите да се поништат и Кирил Спировски да остане претседател на СПУКМ се до септември додека не се направат статутарните измени во поглед на студентското организирање.

Откако Ректорската управа одби да го прифати овој предлог, Давитковски ја напушти седницата и посочи дека не се согласува со формирање на комисии.

celosniotpredlognadavitkovski
предлог-заклучок на деканот на Правниот Факултет Борче Давитковски

На ист став се и членовите на Студенсткиот пленум кои велат дека дополнителни комисии кои ќе оценувата што точно се случило дента на изборите, нема да дадат никаков придонес. Тие бараат УКИМ веднаш да ги исклучи од своите редови студентските претставници на Сенатот и во наставно научните совети. Тие на денешната седница на видео бим покажаа снимки од полициската акција во текот на студентските избори, со што укажаа на каков начин биле третирани студентите кои укажале на нелегитимност.

– „Ова беше скандалозно и сега веќе не ви се обраќам како декани и професори, Ви се обраќам како татковци, бидејќи секој ден од вас нам ни е татко. Во текот на она што го преживувавме во четвртокот тоа е неприфатливо не само за академската заедница, тоа е под човековото достоинство. Бараме УКИМ да не прифати студентски претставници избрани за вакви избори. Ова не е направено од некаков си туѓ интерес, ова е направено за ниту еден студент никогаш да не почувствува она што ние го почувствувавме. Бруталното исфрлање од полицијата бараме веднаш јавно да биде осудено. Вашите најдобри студенти, кои се бореа за Законот за високо образование, беа брутално тепани и малтретирани од страна на насилници за да кулминира со полициска бруталност. На ова не смеете да останеме неми“, рече студентката Ивана Туфегџиќ.

Досегашниот претседател на Студентскиот парламент Кирил Спировски, пак, побара дополнителна шанса од Ректорската управа за да може и тој да прикаже видео докази за насилството и притисоците кои тврди дека ги доживеал на денот на изборите од група студенти.

– „Бидејќи ние не знаевме дека на ваков начин, со технички средства да обезбедиме докази да овозможите и ние да поднесеме докази е упатува да го погледнете и официјалното соопштение на МВР за да се увиди вистината…Претседателот во заминување Кирил Спироски, т.е јас, бев брутално навреден, исплукан, и повреден со тврд предмет од неконтролирана група луѓе кога пробав да го напуштам објектот. Тие снимки не ги прикажуваат, каде што бев нападнат, човечкото достоинството, човековите мои права беа повредени, прегазени тој ден“, рече досегашниот претседател на Студентскиот Парламент Кирил Спироски.

Сите докази од двете страни ќе бидат доставени до новоформираната комисија која ќе биде составена од петмина декани – членови на Ректорската управа кои ќе треба да донесат заклучок што точно се случило на денот на изборите.