Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтудентски митинг под мотото „Медиумски писмен студент“

Студентски митинг под мотото „Медиумски писмен студент“

Студентски митинг под мотото „Медиумски писмен студент“ ќе се одржи денеска пред УКИМ, во организација на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС) и Високата школа за новинарство, а поддржан од Европската Унија.

Митингот е со цел „драматизирање“ на значењето на медиумската писменост кај студентите, односно колку е драматично важно да не бидат жртва на медиумите и медиумските манипулации.

Предвидено е да говорат студентите кои, како што велат организаторите, ќе испратат пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видео игрите, лажните вести, агресивниот маркетинг и медиумскиот хаос.