Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРебаланс на буџетот – Повеќе приходи, повеќе трошење

Ребаланс на буџетот – Повеќе приходи, повеќе трошење

Владата направи ребаланс на буџетот за 2015 година поради подобрата финансиска состојба и поголемиот извор на приходи од планираното кои пораснале за 14%. Буџетот ќе изнесува околу 3 милијарди евра, а од Министерството за финансии соопштија дека нема да има кратења на средства кај ниту еден буџетски корисник, ниту пак ќе се одложуваат предвидените проекти.

zoran stavrevski1„Приходите се поголеми од планираното, а тоа создаде една добра ситуација во смисла дека буџетот е во добра финансиска кондиција и ребалансот се прави од една таква појдовна основа. Со тоа практично направениот ребаланс не вклучува кратење на буџетите на ниту еден буџетски корисник, туку има поместување во одредени позиции, каде поради одредени политики, мерки, активности, треба да се додадат средства или каде проектите се одвиваат подобро од каде што првично сме планирале“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Според прогнозите оваа година растот на економијата од 4 е намален за 3.5 проценти, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3.6 проценти од бруто домашниот производ. Владата предвидива дека и покрај оваа промена економијата ќе расте со доволно брзо и стабилно темпо и сите приходи ќе се реализираат за буџетските намени.