Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРација во канцелариите на Гугл во Париз

Рација во канцелариите на Гугл во Париз

Според извештаите, околу 100 инспектори утрово влегле во канцелариите на Гугл во центарот на Париз. Извори блиски до истрагата за тамошните медиуми изјавиле дека во досието направено уште во февруари француската даночна управа побарува околу 1,6 милијарди евра даночен долг од Гугл.

Системот на плаќање данок за меѓународните компании веќе извесно време е под надзор. Неколку компании беа обвинети дека користеле правне мерки за да ги ја намалат сумата што би ја исплаќале како данок.

Во случајот со Гугл, даночната структура дозволува компанијата да плаќа данок во Република Ирска дури и во слуаи кога продажбата е поврзана со Британија.

Во јануари оваа компанија постигна договор со британските даночни власти за плаќање на дополнителни 130 милиони фунти данок за периодот од 2005 година, но договорот наиде на жестоки критики.

Британската даночна служба соопшти дека тие 130 милиони фунти се несразмерно мали во однос на квантитетот на бизнисот што оваа фирма го има во Британија.