Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураРаспишан конкурс за најдобар расказ-,,Вечер на Живко Чинго"

Распишан конкурс за најдобар расказ-,,Вечер на Живко Чинго"

Општина Охрид го објави конкурсот за најдобар расказ кој ќе биде прогласен на манифестацијата ,,Вечер на Живко Чинго”. Право на учество имаат сите полнолетни граѓани . Своите раскази можат да ги достават најдоцна до 31 јули.

Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57  со назнака „За конкурост за расказ“, стои во конкурсот.

Стручната жири комисија резултатите ќе ги објави на 8 август/. Авторот на најдобриот расказ ќе биде награден со парична награда во вредност од 30 000 денари, наградата свечено ќе биде доделена на 13 август  на манифестацијата ,,Вечер на Живко Чинго”