Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеРамстор Мол прави „чистка“ – Започнува третиот Garage Sale

Рамстор Мол прави „чистка“ – Започнува третиот Garage Sale

Трговскиот центар Рамстор Мол и оваа година продолжува со кампањата под името “Garage Sale”, која започнува утре, 20-ти август, и ќе трае се до 27-ми месецов.

Сите посетители ќе имаат можност да си ги набават своите омилени парчиња гардероба, чевли, накит на попуст дури до 70%, а во кампањата ќе учествува и маркетот лоциран во трговскиот центар, кој за сите потрошувачи предвиде големи акции и намалувања на голем број од своите производи. Покрај тоа, трговскиот центар обезбеди и голем број забавни активности кои ќе го направат купувањето уште попријатно.