Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИндија забранува „купување“ дете од сурогат мајка

Индија забранува „купување“ дете од сурогат мајка

Доколку Парламентот на Индија го прифати новиот закон, во земјата ќе се забранат „услугите“ на сурогат-мајките и „купувањето дете“ за странски државјани, самци кои сакаат да бидат родители и хомосексуалците.

Оваа група луѓе во иднина не ќе може како досега да си „купува дете“ преку сурогат-мајки.

Правото за користење на сурогат мајките ќе го имаат брачните двојки кои не може да имаат деца, но користејќи ја „услугата“ само на жена-роднина на едниот или на другиот сопружник.

Организации и групи на двојки без деца ја критикуваат ваквата промена во законот, а со осуда се огласи и геј-заедницата и нејзините поддржувачи.

Владата го оправдува предложениот закон објаснувајќи дека „мора да се стави ред“ бидејќи Индија се претворила во „рајско место“ за двојките без деца, особено за странците кои им плаќаат на Индијки за да го износат до породувањето вештачки зачнатиот плод.

Според владата во Њу Делхи, станува збор за развиен бизнис и за „сурогат-индустрија“ од преку една милијарда долари годишно.

Индскиот министер за надворешни работи Сума Сварај изјави дека новиот закон предвидва само индиски брачни двојки без деца и најмалку пет години во брак, да може да користат услуга на сурогат-мајка.