Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисРадванска го освои завршниот Мастерс

Радванска го освои завршниот Мастерс

Полската тенисерка, Агњешка Радванска го оствари најголемиот успех во кариерата, откако денеска триумфираше на завршниот Мастерс сезонава кој се одржа во Сингапур.

Радванска во финалето славеше над Петра Квитова од Чешка  со 2:1  по сетови (6:2, 4:6, 6:3). Овој трофеј за Радванска е уште подрагоцен бидејќи претрпе порази на првите два меча, потоа едвај се пласираше во полуфиналето, каде ја совлада Мугуруза, за денеска да одигра одличен меч против Квитова и да дојде до голема победа. Радванска сезоната ќе ја заврши како петта на ВТА листата.