Saturday, Apr 27, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) Такси возила без возач почнаа да сообраќаат во Сингапур

(Видео) Такси возила без возач почнаа да сообраќаат во Сингапур

Самонаведувачки такси возила на малку позната компанија почнаа со пробно возење во Сингапур, јави Би-Би-Си.

Возилата кои сами управуваат веќе некое време се хит во автомобилската индустрија благодарение на технолошките компании како Гугл или Убер кој најави автономни такси возила и во Питсбург.

Во Сингапур такво такси без возач покрена американската компанија Њутономи и засега возењето е бесплатно.

Иако такси возилата сами се наведуваат, во возилото сепак ќе има возач за да надгледува како работи новата технологија.

Њутономи е нова компанија со седиште во САД која развива софтвер за таков вид возила. Ја основале двајца истражувачи во 2013 година од универзитетот МИТ.

Њутономи не произведува автомобили и користи мали електрични модели на Рено и Мицубиши. Во пробното возење учествуваат шест автомобили опремени со систем од ласери и камери што овозможува возење без возач. За пробата е одреден мал дел од градот со површина од 4 квадратни километри, далеку од центарот.