Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПрвиот потег на Мурињо: Нов договор на младиот талентиран напаѓач

Првиот потег на Мурињо: Нов договор на младиот талентиран напаѓач

Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд имаше сезона од соништата, а сега ќе добие и нов договор од клубот, тврдат англиските медиуми. Ова 18-годишно момче кое „проникна“ од академијата на Манчестер Јунајтед сосема неочекувано оваа сезона доби прилика во Лига Европа.

Не беше планирано ниту да се најде на клупата за резерви, а потоа Ентони Марсија се повреди и Рашфорд доби прилика да заигра од првата минута. На дебито постигна два погодоци, а сега ќе добие нов договор вреден 20.000 фунти неделно.

Неверојатните партии на Рашфорд продолжија и во Премиер Лигата, бидејќи после само три дена од дебито во сениорска конкуренција се најде во стартниот состав против Арсенал. На тој натпревар повторно постигна два погодоци, а некои се прашуваа каков статус ќе има кај Жозе Мурињо. Тоа што првиот потег на „Специјалниот“ е нов договор за Рашфорд доволно зборува само за себе.