Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБомба! Пеп му го украде играчот на Мурињо пред носот

Бомба! Пеп му го украде играчот на Мурињо пред носот

Од неколку извори е потврдено дека играчот на Монако пристигна на медицински прегледи. Тој беше, според некои извештаи првата мета на Жозе Мурињо за наредната сезона. Но, се чини дека ќе игра градско дерби против неговиот сонародник.

Поточно, Бернардо Силва пристигна во Манчестер на лекарски прегледи и ќе потпише договор со “Граѓаните”.
Bernardo-Silva-596920

 

Како што пишуваат англиските медиуми, Пеп веќе подолго време го гледал Силва и го чувал како изненадување, на крајот двата клуба се договориле. Ова се првите информации, ние чекаме официјална потврда, но во некои претходни извештаи, имаше гласини дека неговата цена е околу 70 милиони евра.

Силва има 22 години, тој играше одлично оваа сезона ја освои титулата во Францускиот шампионат и стигна до полуфиналето од Лигата на Шампионите.