Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПрвата еко населба во Ѓорче Петров ќе се вика Александрија, стан за еден од 30-те кумови

Првата еко населба во Ѓорче Петров ќе се вика Александрија, стан за еден од 30-те кумови

За новата населба која ќе се гради на просторот каде што сега се наоѓа фабриката “Карпош”, односно веднаш до кружниот тек на булеварот “Партизански одреди”, имиња даваа граѓаните, од кои дури 30 биле населбата да се вика Александрија.

Граѓаните избраа новата населба во општина Ѓорче Петров да се вика Александрија. За населбата што ќе се гради на просторот каде што сега се наоѓа фабриката “Карпош”, односно веднаш до кружниот тек на булеварот “Партизански одреди”, до порта “Влае”, имиња предлагаа граѓаните. Стигнале околу 15.000 предлози, од кои дури 30 биле името на населбата да биде Александрија што било најприфатливо за комисијата формирана од членови на фабриката “Карпош”, кој е инвеститор на населбата.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите оние кои активно се вклучија во изборот на име на населбата. Со цел да направиме фер избор за кум на населбата и добитник на наградата, во наредниот период ќе организираме јавно извлекување и еден од 30-те граѓани ќе добие на подарок гарсониера во една од зградите. Почетокот на изградбата на Александрија е предвиден во мај, а првите 4 станбени комплекси се предвидени да бидат вселиви во септември 2017 година”, вели Александар Стефанов, член на Управниот одбор на фабриката “Карпош” и проект менаџер на новата населбата.

Според деталниот урбанистички план за овој дел, кој го донесе Општина Ѓорче Петров, населбата ќе зафаќа површина од 500.000 квадратни метри. Покрај згради, предвидено е да се гради детска градинка, трговски центар, деловни објекти, бензинска пумпа, паркови и игралишта.