Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНе чувајте пари дома: Од стан во Скопје украдени 20.000 евра

Не чувајте пари дома: Од стан во Скопје украдени 20.000 евра

На 29.07.2016 година во периодот од 11:15 до 12:45 часот во Скопје на ул.„Борка Талевски“, во стан сопственост на К.Е. (71), непознат сторител извршил тешка кражба, информираат од МВР.

Сторителот со подесен клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 14.500 евра, женска чанта во која имало пари (евра и денари) во вкупна вредност од околу 7.000 евра и накит.

После тоа го напуштил местото и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.