Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПолицијата го претресе станот на напаѓачот во Минхен, докази за поврзаност со ИД нема

Полицијата го претресе станот на напаѓачот во Минхен, докази за поврзаност со ИД нема

Шефот на полицијата во Минхен, Хубертус Андере изјави дека при претресот на станот на напаѓачот од трговскиот центар не се откриени докази за негова поврзаност со Исламска држава.

Напаѓачот живел заедно со своите родители во реонот Максфорштад.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, полицијата потврди дека 18-годишниот Али Давид Сонболи претходно бил на психијатриска и медицинска грижа, а во својот ранец имал 300 куршуми за пиштол.

Неговите родители поради шок сеуште не се во можност да и помогнат на истрагата, која не може да ги утврди мотивите за нападот.

За нападот  засега ниту една група нема преземено одговорност. Полицијата сеуште ги анализира снимките направени од очевидци на настанот во обид да открие какви пораки упатувал напаѓачот во текот на расправиите со луѓето, што го убедувале да не пука по невините граѓани.