Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПрв самит на ЕУ без Велика Британија

Прв самит на ЕУ без Велика Британија

Лидерите на 27-те држави членки на ЕУ в среда првпат ќе имаат средба без Велика Британија, на која ќе се разгледува одлуката на Лондон да ја напушти Унијата.

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе присуствува во вторник, прв ден од дводневната средба на врвот, и ќе ги информира останатите 27 лидери за резултатот од референдумот во Британија. Камерон потоа ќе се врати во Лондон, а 27-те лидери следниот ден ќе ги разгледуваат последиците од британската одлука.