Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика#Протестирам вечерва и во Штип, Куманово, Кавадарци, Битола

#Протестирам вечерва и во Штип, Куманово, Кавадарци, Битола

Заедно со  Скопје каде по 10 пат вечерва се одржува граѓански протести под називот Шарена револуција, протести со истата цел, повлекување на одлуката на претседателот Иванов за аболиција, организирање фер и демократски избори, се одржуваат во повеќе градови низ државава.

protestiram kavadarci

Во Кавадарци протестниот марш започна од Катастарот на кружниот тек, преку Илинденска до Општината Кавадарци.

protestiram stip

Во точно 18 ч. пред седиштето на Основниот и Апелацискиот Суд во Штип, започна протест на кој граѓаните во Штип го искажуваат своето незадоволство од самоволието на претседателот Иванов во носењето одлуки за аболиција на криминалци.

protestiram gradovi

Протести има и во Битола и Куманово. Во Битола протестот се одржува на плоштадот Магнолија со пораките „Нема правда нема мир“ и „Шарена револуција“.