Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПротестирачите ќе одмараат за време на велигденските празници

Протестирачите ќе одмараат за време на велигденските празници

Иницијативата „За заедничка Македонија“ нема да ги блокира улиците за време на велигденските празници, соопштија организаторите. Богдан Илиевски рече дека, поддржувачите ќе бидат на готовс. Според неговите најави, протестите ќе продолжат од вторник.

„Тоа што овие денови нема да маршираме на улиците од 17 до 19 часот, не значи дека не сме цело време подготвени , на готовс, дека ја следиме ситуацијата. Доколку некој се дрзне и за време на овие големи празници се обиде да прави нешто што не би требало да го прави, ќе има соодветна акција, соодветен одговор“, изјави Илиевски на денешната пресс конференција.