Friday, Apr 26, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавПротестираат за слободни медиуми, а тепаат новинари

Протестираат за слободни медиуми, а тепаат новинари

Во Скопје и денеска се одржува протест во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, а демонстрантите велат дека застанале во одбрана на слободните медиуми. Денеска пред Владата на Република Македонија можеше да се забележи и мобилното студио на ТВ НОВА, брендирано во знак на револт. Изгледа организаторите на протестот заборавија дека првите денови имаше истепани новинари, па како и да не се случило зборуваат за слободата на медиумите. Слободата очигледно се бара само за одредени медиуми бидејќи овие кои сега протестираат не го кренаа гласот кога на нивниот протест беа истепани колегите од порталот А1он, а ниту подоцна кога беше нападната екипата на Тв 24. Одредени медиуми се непожелни на протестот на „За заедничка Македонија“ и не се чувствуваат безбедно – тоа е факт. Се наметнува прашањето каква слобода бараат демонстантите и за кого? Тоа докажува дека двојните стандарди или едностраното гледиште се главни обележја на нашето општество.
nova avtobus
Од друга страна, новинарите на ТВ НОВА велат дека нивната телевизија е нападната од СЈО поради истрагата која се води за Сеад Кочан. Инаку, притворот кој му е одреден на бизнисменот е поради својството управител на Трансмет и никаде не се споменува неговата улога во ТВ НОВА. За да биде иронијата поголема, колегите од таа телевизија прозиваат одредени медиуми дека не биле објективни и дека не добиле нивна поддршка. Дали истите колеги излегоа да ги подджат своите колеги од А1 кога се затвораше таа телевизија? Не. Тогаш се водеше пропаганда против нив. Поддршка од колегите немаше иако во телевизијата буквално беше извршен упад од полицијата. Во актуелниот случај на НОВА, не само што немаше никаков упад, туку телевизијата не е дури ниту цел на истрага. Токму затоа, овој потег беше протолкуван како одбрана на криминалот, а не како одбрана на слободата на медиумите.

Ниту изјавите на колегите дека биле игнорирани од одредени медиуми, не е вистина бидејќи нивните изјави можат да се слушнат на сите телевизии и да се прочитаат на сите портали. А тоа што одредени медиуми прикажуваат поголема слика од онаа која им одговара само на актуелните демонстранти, не може да се нарече селективност. Тоа драги колеги е новинарство.

Само да потсетиме, сопствениците на медиуми не се над законите, ниту се изземени од кривична одговорност, секако ако истата се докаже.
Оние кои сега протестираат треба да знаат дека не бранат слобода на медиуми и слобода на изразување, туку ги бранат интересите на одредена група луѓе.