Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПротести на „За заедничка Македонија“ – Вака силно ќе го слушнат нашиот глас

Протести на „За заедничка Македонија“ – Вака силно ќе го слушнат нашиот глас

Претставниците на иницијативата „За заедничка Македонија“ иако денеска не добија позитивен одговор за средба со еврокомесарот Јоханес Хан сепак, сметаат дека нивната порака силно ќе биде слушната поради големиот број на граѓани кои застанаа во одбрана на унитарноста.

zaednickaprotest (3)

Тие сметаат дека на 23-от ден ова се најмасовните протестни маршеви кои низ 43 населени места во Македонија на улица извадиле илјадници луѓе. Во Скопје беше најмасовно бидејќи имаше организиран превоз и од другите градови.

zaednickaprotest (1)

 

Демонстрантите вообичаено од собирот пред владата се упатија кон собранието на Република Македонија повторувајќи ги барањата до политичарите целосно да ја отфрлат платформата од Тирана која директно е закана за унитарноста и суверенитетот на Македонија.