Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПропадна пучот против Трамп

Пропадна пучот против Трамп

Најтврдокорното крило на Републиканската партија се обиде да изврши „пуч“ против кандидатот Доналд Трамп на националната изборна конвенција со тоа што десетици делегати ја оспорија неговата номинација за претседател. Сепак, тие немаа доволно гласови за да наметнат сопствен кандидат по што на партиската конвенција настана вистински хаос, тотален политички циркус кој не е виден во САД со децении.

tramp rnc 2016

Трамп убедливо победи на повеќето прелиминарни избори и собра милиони гласови како и неопходниот праг од 2300 делегати кои ќе му ја искажат довербата во ноември да истрча на генералните избори против Хилари Клинтон, без оглед колку неговите контроверзии да не им се допаѓаат на републиканците од естаблишментот.

rnc 2016

Конвенцијата ја бојкотираа браќата Буш, екс кандидатите за претседател Џон Мек Кејн и Мит Ромни, како и многу видни функционери, конгресмени и гувернери.