Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајден мртов 42-годишен прилепчанец кај средното економско училиште

Пронајден мртов 42-годишен прилепчанец кај средното економско училиште

Денеска, тело на 42-годишен маж е пронајено во напуштени простории кај средното економско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп.
Мимоза Мрмеска која е основен јавен обвинител вели дека станува збор за 42-годишниот Зоран Ристески од Прилеп.
Мрмеска додаде и дека: „Телото на починатиот прилепчанец изутрината го пронашол случаен минувач. Според првичните сознанија и по прегледот од лекар, бил мртов најмалку 10 часа. Има повреда на главата и вратот и најверојатно е од удар од ѕидот каде паднал. Причините за смртта не се познати“.

Инаку, наредено е извршување на обдукција за да се утврдат причините за смртта на 42-годишниот прилепчанец