Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрогласување кризна состојба, состанок на ЦУК и комитет за справување со кризи

Прогласување кризна состојба, состанок на ЦУК и комитет за справување со кризи

Во Центарот за управување со кризи почна состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи. На седницата ќе бидат разгледани  и мерки и активности за санирање на настанатите штети.

– Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, министерот Диме Спасов, Мирче Ѓорговски од Кабинетот на Претседателот на РМ, градоначалниците на Скопје и на Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, директорот на Водовод а.д. Александар Атанасов се сретнаа за заеднички да ги координираат акциите за санирање на последиците од невремето како и за мерки кои ќе се преземат денес при најавите за ново невреме..

Советот на Град Скопје за во 14 часот попладне закажа вонредна седница на која ќе биде разгледана информација во врска со невремето што вчера го погоди Скопје и околината, во кое загинаа повеќе од 15 луѓе, а шест се исчезнати.

На седницата ќе бидат разгледани  и мерки и активности за санирање на настанатите штети.